turistiohrid

Грчки и бугарски туристи го исполнија Охрид

Охрид, 13. април 2017 (ИНПРЕС) – Деновиве Охрид е „магнет“ за туристи од Грција и Бугарија, кои ќе останат за Велигденските празници, но има и гости од Албанија, кои го прославуваат католички Велигден, кој годинава се поклопува со православниот празник.

– Најмногу гости за Велигден ќе имаме од Грција, потоа од Србија. Годинава ќе има и доста домашни туристи од повеќе градови. Капацитетите се пополнети, вели Марјан Николески, директор за храна и пијалоци во хотел „Аквалина“ – Охрид.

Според туристичките агенции, странските гости за празниците доаѓаат во Охрид, додека домашните патуваат само ден – два пред Велигден, а за птазникот се дома.

– Кај охриѓани има интерес за еднодневни тури, за најпопуларните дестинации за Острошки манастир, Метеори, но и за островот Крф. Најголем број на најавени туристи кои ќе го посетат Охрид за Велигден се од Србија, Грција и Бугарија. Од Албанија, исто заради католички Велигден, се очекуваат посетители. Домашните туристи празникот традиционално го прославуваат дома, но, ете, странските туристи сакаат да патуваат, вели Драгана Ристеска, директорка на Туристичката агенција „Венус травел“ од Охрид. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest