turistivomakedonija

Во февруари годинава имало зголемување на бројот на туристи во однос на истиот период минатата година

Скопје, 13. април 2017 (ИНПРЕС) – Бројот на туристите во февруари оваа година во однос на февруари 2016 година, е зголемен за 13.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.3%.

Според државната статистика, има зголемување кај бројот на домашните туристи за 15.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.

Додека во периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, исто така има зголемување кај бројот на туристите и тоа за 13.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.7%, а кај странските има зголемување за 13.9%. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest