Silhouettes of people dancing on an abstract background

Богата музичка понуда низ охридските локали за Велигден

Охрид, 15. април 2017 (ИНПРЕС) – Според очекувањата и најавите од туристичкиот сектор, Охрид за Велигденските празници ќе го посетат голем број гости.

Па, охридските кафулиња се погрижија да обезбедат добра забава за сечиј вкус.

Bistro Corner за време на празничниот викенд ќе организираат целодневни забави со жива музика. Во кафе бар Ликвид вечерва свој сет ќе има Dj Davor a.k.a ONE од Скопје, додека во недела – Dj Ivana Apel.

Во кафе барот Објектиф вечерва гостуваат стружаните Balkan Jam, додека утре бендот „Гром” од Битола. Почетокот на забавите е од 22.30 часот.

На плажата Куба Либре вечерва ќе има жива свирка со BandOff, додека утре сцената ќе биде резервирана за Ѓоко Танески. Забавата започнува од 22 часот.

Во Cuba libre (Havana) Club вечерва ќе биде DJ Yuxell – Colours of freedom. Утре пак за забавата ќе биде задолжен DJ Chiko – Hip hop & RNB. Почетокот е од 23 часот. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest