kamvillageveligden

Детска смеа и забава – Прв Велигденски викенд во KAM Village (Фото)

Охрид, 15. април 2017 (ИНПРЕС) – Насмеани детски лица, хуманитарно-продажна акција и супер поволен шопинг за родителите и купувачите.

kamvillageveligden2kamvillageveligden4Вака денес помина првиот Велигденскиот викенд во Трговско забавниот центар KAM Village кој донесе многу попусти, акции и проверена забава.

kamvillageveligden3– Денес имавме посебно прилагодена понуда и цени во Трговско забавниот центар KAM Village. Изминативе некоку дена охриѓани, стружани, но и многубројните гости ја искористија големата продажна акција на Sport Vision, намалени се цените на пијалоците во „Queens Bar“, а купувачите ќе можат да пазарат и во рамките на Outlet караванот на Sara Fashion кој ќе трае до 19-ти април. Тука е секако и богатата Велигденска акција и понуди во КАМ маркетите, а за сите најмали имавме посебно изненадување. Денес за нив подготвивме посебно брендирани велигденски јајца, но и забава и анимација за најмладите со познатиот охридски радио водител и глумец Жанко ЗШ Голабоски. Ова беше првиот Велигден во Трговско забавниот центар KAM Village, а наскоро очекувајте уште акции и изненадувањапорачуваат од KAM Village.

kamvillageveligden5Новиот Трговско забавен центар KAM Village се наоѓа на улицата „7-ми Ноември“, во поранешен „Отекс“. (Крај)

извор: Инпрес фото: ОхридПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest