zogarija

Започнуваат регионалните игри жогарија низ македонските градови

Охрид, 18. април 2017 (ИНПРЕС) – Под покровителство на Црногорската амбасада, во Охрид, Битола и Прилеп се одржуваат регионалните игри за деца до 11 годишна возраст – жогарија.

Денес попладне во 16 часот во салата „Билјанини извори“ ќе се одржуваат игрите за децата од Охрид, предводени од Љупчо Јузмески, овластено лице за настанот во Македонија. Водител на игрите во Македонија е Жанко Голабоски.

Во регионалните игри жогарија се вклучени деца од повеќе земји, како Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Австрија, Србија, Италија.

– Жогарија е специфично име на регионални детски игри, кои влучуваат игри без граници и квизови на знаење за најмладите. Игрите за Македонија денес се одвиваат во Охрид, утре во Битола, а потоа и во Припел. Финалето секоја година се одржува во различна земја, годинава ќе се оддржи во Загреб, Хрватска. Најдобрите од Македонија, ќе имаат можност да учествуваат на игрите во Загреб, вели Јузмески. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest