tereza-mej-1_1_640x360

На 8 јуни предвремени избори во Велика Британија

Лондон, 18. април 2017 (ИНПРЕС) – Британската премиерка Тереза Меј во ненајавено обраќање, побара вонредни изботи во земјата, кои би се одржале на 8 јуни.

Денешната одлука на премиерката утре треба да биде аминувана од парламентот, а опозиционите лабуристи веќе најавија дека ќе ја поддржат оваа иницијатива.

Ваквата нејзина одлука Меј ја оправда со настојувањето да обезбеди цврст мандат за Владата, пред интензивирањето на преговорите со ЕУ за Брегзит, односно напуштање на Унијата.

Инаку следните редовни избори би требало да се одржат во 2020 година. (Крај)

извор: Инпрес  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest