nevremedozd

УХМР: Се очекуваат поројни врнежи и заладување на времето

Скопје, 18. април 2017 (ИНПРЕС) – Според најавите на метеоролозите, утре се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи.

На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на нов влажен бран утре времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, информира УХМР.

Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд. (Крај)

извор: Метео фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest