benzin

Од ноќеска на полноќ, нови, повисоки цени на горивата

Скопје, 18. април 2017 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат по повисоки цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари.

Па така, новата цена на литар Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари, а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 69,5 денари.

Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи за 52,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 41 денар.

За 1,766 денари поскапува мазутот М-1 HC и килограм од овој енергенс ќе чини 27,402 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на бензините врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминаитите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот. (Крај)

извор: Инпрес   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest