soobrakajkaopsta

Во сообраќајка кај Велес загина момче

Велес, 19. април 2017 (ИНПРЕС) — Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која се случила во близина на Велес.

Дваесет и четири годишен возач на камион со приколка ја изгубил контролата и возилото се превртело. Кабината од камионот висела на работ од провалија, а возачот паднал.

Медицински лица од итната медицинска служба успеале да го извлечат возачот од провалијата и да го пренесат во велешката болница, каде 24-годишното момче починало како последица од здобиените сериозни повреди. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest