AgencijaZaHranaVeterinarstvo

Агенцијата за храна на граничниот премин Ќафасан запленила небезбедно месо од Бразил

Скопје/Струга, 19. април 2017 (ИНПРЕС) — Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на месецов на граничниот премин Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил.

Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, нештетно било уништено на депонијата во Струга.

– Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект – кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23-ти март годинава, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство. (Крај)

извор: АХВ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest