plakat7_640x360

Руски музичари со концерт во Прилеп

Прилеп, 20. април 2017 (ИНПРЕС) – Врвни млади руски музичари вечерва гостуваат во Прилеп.

На концертот насловен „Амбасада на мајсторството“ ќе настапат Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцев на саксофон. На програмата се дела од Л. ван Бетовен, Ф. Шопен, Т. Витали, В. Устјанцев, С. Франк, Ж.И. Формо, Џ. Гершвин, М. Шапошников…

Концертот ќе се одржи во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 19 часот.

Настапот се реализира преку Министерството за култура на РМ, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Санктпетербуршкиот дом на музиката.

Санктпетербуршкиот дом на музиката е основан по иницијатива на Министерството за култура на Руската Федерација. Неговата главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведби и подготовка на млади руски музичари за меѓународни натпревари и фестивали. Особено внимание се оддава на студенти и дипломци на конзерваториумите на возраст од 16 до 30 години – солисти на оркестарската специјалност. (Крај)

извор: Инпрес   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest