janez_jansa_640x360

На Јанша да му се одземат 400 000 евра побара Словенечкото обвинителство

Љубљана, 20. април 2017 (ИНПРЕС) – Да му се одземе незаконски стекнатиот имот од скоро 400 илјади евра на поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша.

Вакво барање е испратено од тамошното Специјално државно обвинителство.

Според написите во словенечките медиуми, тужбата е поднесена по финансиската истрага која беше покрената во 2013-та година, во која се испитуваше потеклото на имотот на Јанша, неговата сопруга Уршка и нејзината сестра Наташа Пајенк, која управувала со нивните сметки, потоа неговиот брат Рајко Јанша и некогашниот секретар на партијата, Јоже Загожена, кој во меѓувреме починал.

Обвинителството донело одлука да го товари само Јанша, кој за периодот на кој се однесува истрагата, од 2010-та до 2013-та, остварил разлика помеѓу пријавениот и реалниот имот во финансиски средства и недвижнини од 395.388 евра. (Крај)

извор: Макфакс   фото: архива
 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest