festivalmonodrama

Фестивал на Монодрама Битола

Битола, 20. април 2017 (ИНПРЕС) – Деветнаесеттиот по ред Интернационален фестивал на монодрама Битола, започнува на 5 мај и ќе трае до 9 мај.

На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учество ќе земат монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Брачна игра“ на авторот Едвард Олби. Режијата е на Тони Михајловски, а играат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Наградата Гран-при ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се:актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција. Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски.

Фестивалот ќе биде затворен со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“. И оваа година, Министерството за култура го поддржа Фестивалот на монодрама Битола. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest