GuoWengui_640x360

Црвена потерница од Интерпол за милијардерот Гуо Венгу

Пекинг, 20. април 2017 (ИНПРЕС) – Кинескиот милијардер Гуо Венгу се закани дека разоткрие корупцијата во владејачката Комунистичка партија во Кина.

Како “награда” по него е издадена потерница од Интерпол.

Милијардерот давал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик,а истото били објавено неколку часа по изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи дека за Венгу е распишана потерница поради обвинение дека му дал поткуп на поранешен разузнавач.

Венгу е тајкун со недвижности и за време на неговата успешна кариера бил 73. најбогат човек во Кина.

Тој последниве месеци започна да ја бранува јавноста со потврда дека има одличен адут во рака, докази за корупција кои сака да ги објави. (Крај)

извор: МИА  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest