bebegotvac

Прв македонски готвач за бебиња и деца „Бебе Готвач“

Скопје, 2. мај 2017 (ИНПРЕС) – Утре со почеток во 18 часот, во „ATK Family Club“, ќе се одржи промоцијата на првиот македонски готвач со рецепти за бебиња и деца, „Бебе Готвач“.

Печатеното издание на „Бебе Готвач“ има 280 страници и содржи 350 рецепти за бебиња и деца, почнувајќи од 6 месечна возраст, па нагоре. Освен рецептите, во книгата се поместени и табели за дохрана, многу корисни информации во вид на совети, како и многу автентични фотографии од оброци кои се приготвувани непосредно пред фотографирањето.

Рецептите се поделени по месеци, а пред секој месец има соодветна статија за тоа како се развива бебето и што да се очекува во тој месец, како и соодветни табели со информации за тоа кои намирници се препорачуваат да се воведат.

Книгата е во согласност со препораките од „Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца“, издаден од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија.

Книгата ќе се најде во продажба од 4 мај во Издавачки центар „ТРИ“, Клуб Матица, Тримакс и продажната мрежа на продавниците за здрава храна БИО-култ. Автори на првиот автентичен македонски готвач за бебиња и деца „Бебе Готвач“ се Ирина Наков и Елена Петковска. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest