golobrdo

Македонското друштво „Илинден” од Тирана ја поздрави одлуката на МАЕИ за коалиција зо Илир Мета

Тирана, 2. мај 2017 (ИНПРЕС) – Македонската алијанса за европско интегрирање (МАЕИ), која е политички репрезент на етничките Македонци во Албанија, донесе правилна одлука, и во вистинско време, за коалицирање со партијата на Илир Мета – вели претседателот на Македонското друштво „Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Ние, додава Ѓурѓај, претходно и официјално го поздравивме изборот на Илир Мета за претседател на Република Албанија. Неговото „Движењето за социјалистичка интеграција” (ЛСИ), привремено, го води Петрит Васили и ние ќе соработуваме со него.

– Движењето за социјалистичка интеграција, на дело има покажано дека не се партија со националистичка реторика. МАЕИ, како партија на Македонците во Република Албанија, треба да коалицира со ЛСИ, бидеќи Социјалистичката партија на Еди Рама, навлезе во националистички реторики и во навредувачки однос за нас Маедонците во Албанија, како и за нашата матична татковина Република Македонија, додава Ѓурѓај.

Во Македонското друштво „Илинден” од Тирана, исто така, напоменуваат дека Социјалистичката партија, за жал, не го одржала ветеното дека нема да згаснат општините со припадници на малциствата. Напротив, тие ги згаснале општините во Голо Брдо и Гора. Со тоа, тие направиле чекор назад во однос на правата и еднаквоста, така што Македонците во Албанија биле разочарани со нивниот однос.

– Во ова прилика сакам да кажам МАЕИ донесе одлична одлука и очекувана од сите Македонци во Албанија, категоричен е Никола Ѓурѓај, претседателот на Македонското друштво „Илинден” од Тирана. (Крај)

извор: Мета фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest