senke-nad-balkanom

Сцени од ТВ серијалот „Сенките над Балканот“ ќе се снимаат во Македонија

Битола, 5. мај 2017 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од 7-ми мај, на локации во Македонија, ќе се снимаат сцени од ТВ серијалот „Сенките над Балканот“ по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ, инаку меѓународна копродукција помеѓу Кобра Филм Србија, Скопје Филм Студио Македонија и Искра-Москва Русија.

На ова, му претходеше снимање на повеќе локации низ Србија, еден дел во студиото „Баранда“, а екипата ќе работи и во Црна Гора и Русија.

Епизодите базираат на сценарија напишани од повеќе автори: Драган Бјелогрлиќ, Даница Пајовиќ, Дејан Стојиљковиќ, Владимир Кецмановиќ, а со главниот режисер на серијалот, на дел од епизодите ќе работат и Коста Ѓорѓевиќ, Данило Бечковиќ, Срѓан Спасиќ, Мирослав Лекиќ и Игор Иванов.

Улогите во „Сенките над Балканот“ ги толкуваат Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Бранимир Брстина, Слободан Бода Нинковиќ, а од Македонија играат актерите: Тони Михајловски, Перо Арсовски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.

Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија, а истиот е финансиски поддржан и од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Еднонеделното снимање ќе се одвива на локации во Преспа и околината на Битола. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest