cetkar nyc

Четкар вечерва настапува во Њујоршкиот клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб“

Њујорк, 6. мај 2017 (ИНПРЕС) – Македонскиот џез музичар Владимир Василевски Четкар, се враќа на Тајм сквер со концерт во светски прочуениот Њујоршки клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб“ каде редовно настапуваат некои од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.

Четкар во „Би Би Кинг“ ќе настапи вечерва на сцената „Лусил“ која е именувана по гитарата на блуз легендата Би Би Кинг. Четкар ќе се претстави со авторска музика а ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба, Алтасар Отесен на тенор саксофон, Сет Вивер на Тромбоне, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Џејмс Квинлан на бас и Нолан Брд на тапани. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest