Koleno

Знаци дека ви недостасува магнезиум

Лондон 18. август 2017 (ИНПРЕС) – Наглите промени на расположение, честата нервоза и анксиозност може исто така да значат дека треба да внесувате повеќе храна богата со магнезиум.

Изморени сте и нервозни. Можеби имате проблеми со срцевиот ритам или проблем со спиењето. Проблемите можат да бидат предизвикани од недостатокот на магнезиум.

Како и со другите хранливи материи, на нашето тело му треба магнезиум за да остане здраво. Магнезиумот природно се наоѓа во разновидната храна, но дури половина возрасни добива препорачани дневни дози магнезиум. Кога не го внесуваме доволно во организмот, тоа нема да го почувствуваме веднаш, симптомите, имено, може да бидат нејасни и слични на симптомите на другите болести.

1. Недостаток на енергија и константен замор се првите знаци дека ви недостасува магнезиум.
2. Честите главоболки исто така настануваат од недостаток на овој минерал.
3. Чести грчеви во нозете. Магнезиумот е клучен за работата на мускулите.
4. Несоница и отежнато спиење.
5. Неправилни отчукувања на срцето. Многу кардиоваскуларни неправилности се предизвикани од недостатокот на магнезиумот, затоа задолжително посетете лекар додека е време.
6. Запек
7. Висок крвен притисок
8. Кршливоста на коските покрај тоа што е поврзана со недостатокот на калциум, укажува и на мала количина магнезиум во организмот.
9. Наглите промени на расположение, честата нервоза и анксиозност може исто така да значат дека треба да внесувате повеќе храна богата со магнезиум. (Крај)

извор: Плусинфо.мк фото: архива

 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest