ZaevZeleni

Промените во Македонија се видливи, Владата има поддршка за евро-атлантските цели

Скопје,22. август 2017 (ИНПРЕС) –Македонија се ЕУ и НАТО и Владата е силно фокусирана да бидат направен исчекори и кон НАТО и кон ЕУ интеграциите“, рече премиерот Заев.

Голем дел од состанокот беше посветен на мерките за заштита на животната средина во Република Македонија и за надминување на постоечките проблеми, како што се големото загадување на воздухот во повеќе градови низ државава, или доделени сомнителни концесии за рудна експлоатација во реони со квалитетно земјоделско земјиште за прехрамбени производи, што треба да подлежат на ревизија.

Здравата живонта средина е меѓу европските приоритети и Европската зелена партија е подготвена да и помогне на Владата со експертизи за надминување на овие состојби во Македонија, пренесе пратеникот и ко-претседател Бутикофер. Претставниците на ЕЗП констатираа дека Република Македонија изобилува со природни богатства што овозможуваат еколошки развој, но отвораат и можности за сериозен развој на туризмот во државата.

Здравјето на граѓаните е императив за Владата и жсе што преземаме е во насока на здрава економија, како и примена на еколошките потенцијали во енергетиката, рече премиерот Заев, кој за пример ги посочи чекорите што ги презема Владата за употреба на природните ресурси сонцето, водата, проектот за гасификација на целата територија на Македонија.

На средбата се разговараше и за политичката ситуација во државата, подготовките за кредибилни и регуларни локални избори во октомври, како и политиките на Владата за развој на добрососедските односи и на регионалните евро-атлантски цели. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: Мкд.мк

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest