championsleaguel

Познати се сите учесници во ЛШ, групите ќе бидат познати денеска

Нион, 24. август 2017 (ИНПРЕС) – По завршувањето на плејоф натпреварите за пласман во Лигата на шампионите познати се имињата на сите 32 тима кои ќе настапа во главната фаза оваа сезона. Титулата ја брани Реал Мадрид.

Покрај актуелниот европски првак, носители на ждрепката ќе бидат уште шампионите на Германија (Баерн), Англија (Челзи), Италија (Јувентус), Португалија (Бенфика), Франција (Монако), Русија (Спартак) и Украина (Шахтјор).

Во вториот „шешир“ се имињата на великаните на европскиот фудбал Барселона и Атлетико Мадрид (Шпанија), Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити (Англија), ПСЖ (Франција), односно Севилја (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија) и Порто (Португалија).

Најтрактивно име во третиот „шешир“ е Ливерпул, а тука се уште и Наполи, Тотенхем, Рома, Олимпијакос, Базел, Андерлехт, Бешикташ.Во последниот „шешир“ се Марибор, АПОЕЛ, Селтик, ЦСКА Москва, Спортинг Лисабон, Феенорд и дебитантите Ред Бул Лајпциг и Карабаг.

Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе се одржи денеска од 18 часот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest