RealMadrid

„Бомба“ на Роналдо, Реал го освои трофејот „Сантијаго Бернабеу“(видео)

Мадрид, 24. август 2017 (ИНПРЕС) – Реал Мадрид го освои трофејот „Сантијаго Бернабеу“, за кој избраниците на Зинедин Зидан вечерва водеа битка со Фиорентина, триумфирајќи со 2-1.

Зидан реши да одмори огромен дел од првотимците, но Роналдо одигра 90 минути поради фактот дека е во аут за Примера по изречената суспензија, а во првиот тим се појави и Серхио Рамос, кој нема да настапи на следниот дуел со Валенсија.

Фиорентина прва поведе по неполни три минути игра, но „кралевите“ веднаш возвратија преку Борха Мајорал, пред Кристијано Роналдо со еврогол да го комплетира пресвртот уште во првото полувреме.

Реал беше подобар противник и во второто полувреме, но и покрај многуте шанси на домашниот тим резултатот сепак остана 2-1 за актуелниот европски првак. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest