Missing image

Жителите на Карпош ќе го добијат првиот независен кандидат за градоначалник

Скопје, 24. август 2017 (ИНПРЕС) – Политичките партии почнаа да ги објавуваат имињата за градоначалници на општините.

Во Карпош повторна кандидатура ќе поднесе Стевчо Јакимовски, а како независен кандидат во трката ќе влезе и Владимир Кофчегарски.

– Денес официјално ја поднесов мојата кандидатура за независен кандидат за градоначалник на општина Карпош. Карпошани заслужуваат да добијат независна опција која достоинствено ќе ги брани нивните интереси, а не партиските, пишува Кофчегарски.

VladimirKofcegarski

Кофчегарски побара од карпошани да му помогнат во собирање потписи за тој да може да влезе на кандидатската листа за градоначалник на скопската општина. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс