drzavnamatura1-640x359

Две охриѓанки меѓу 10-те најдобри матуранти во учебната 2016/2017 година

Охрид, 24. август 2017 (ИНПРЕС) – Две охриѓанки се најдоа на листата матуранти кои постигнале најдобри резултати од државната матура во учебната 2016/2017 година.

Станува збор за Маја Митреска и Мартина Петровска, кои своето четиригодишно средно образование го завршија во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.

Покрај нив на листата матуранти кои полагале на македонски наставен јазик се најде и Ива Николовска од Куманово.

Најдобри кои полагале на албански наставен јазик се: Алејна Беќири, Јета Хаџихамза и Емине Рушити, додека на турски јазик: Арзу Калус, Нилај Максуд и Арзу Тринго, сите од Струга. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest