policijaopsta

Холанѓанец паднал и се самоповредил во Струга

Струга, 25. август 2017 (ИНПРЕС) – Во близина на Зелениот пазар во Струга, 53-годишниот В.Л.Ј. од Холандија, вчера околу 14:00 часот, додека се движел пеш, му се слошило и паднал во полусвесна состојба, при што се самоповредил во пределот  на главата.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Јавната здравствена установа – Општа болница во Струга, каде му била укажана медицинска помош, по што бил испратен во Медицинскиот центар во Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest