policija-8

Кривична за 71-годишен охриѓанец поради измама

Охрид, 25. август 2017 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 71-годишниот А.З. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– Во текот на февруари годинава пријавениот, по претходен телефонски разговор со 79-годишниот Ш.Ш. од Охрид со место на живеење во Австралија, го довел во заблуда оштетениот дека ќе му изгради куќа во Охрид. По ова оштетениот на синот од пријавениот му уплатил 50.000 австралиски долари, а во текот на мај годинава, кога дошол во Охрид, му дал уште 38.000 австралиски долари. Оштетениот потоа отишол во Општина Охрид да праша за градењето на куќата, а откако му било кажано дека на парцелата не е предвидена градба, од пријавениот побарал да му ги врати парите. До денот на пријавување, А.З. не му ги вратил парите, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest