ohridskihorskifestival2017

Поп и фолк концерти на програмата на Охридскиот хорски фестивал

Охрид, 26. август 2017 (ИНПРЕС) – Трет ден на Охридскиот хорски фестивал, а на програмата се предвидени поп и фолк концерти како и два натпреварувачки концерти.

Во периодот од 10:00 до 11:20 часот предвидени се поп и фолк концертите на кои ќе настапат хорови и вокални ансамбли од Босна и Херцеговина, Турција, Чешка, Романија, Русија и Србија.

Во попладневниот термин од 17:00 часот се третиот и четвртиот натпреварувачки концерт, на кој меѓу другите ќе настапи и домашниот мешан хор „Стив Наумов“. Сите концерти ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest