saudiskiprinc-639x360

Саудиски принц сака да инвестира во Црна Гора

Подгорица, 29. август 2017 (ИНПРЕС) – Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал бин Абдулазиз Ал Сауд, чија компанија „ Kingdom Holding Company “ се проценува на 17 милијарди долари, изразил интерес да инвестира во Црна Гора, пренесуваат црногорските медиуми.

Принцот тоа му го соопштил на црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, за време на нивната средба во Будва.

Состанокот се одржал на јахтата на саудискиот принц укотвена во Будва, при што, Марковиќ, го запознал принцот со економските и инвестициските потенцијали на Црна Гора, пренесува „Глас на Америка“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest