ЗОНА5

Брзо и едноставно аплицирање за работа преку zona.mk

Охрид, 29. август 2017 (ИНПРЕС) – Добро познатата веб страна за електронска трговија www.zona.mk го прошири своето поле на делување.

Страницата zona.mk официјално постои од ноември 2016 година. Првично, започна како сајт за бесплатно огласување, меѓутоа идејата беше да биде поразличен од она што се нуди на македонскиот пазар, да им се овозможи на корисниците да најдат најразлични информации на едно место, истакна Елена Чалоска, менаџер за развој на бизнис.

– Самото регистрирање, односно објавување на оглас и користење на страната е потполно бесплатно. При самото регистрирање корисниците имаат можност да изберат два профили, дали како физичко лице,од типот продавам/купувам/издавам или како компанија да креираат свој профил со детални информации за самата компанија и какви производи односно услуги нудат, вели Чалоска.

Сето ова го направиле во насока да им се помогне на компаниите да дојдат до посакуваните купувачи, а во исто време да им бидат од помош на граѓаните и потенцијални купувачи да имаат што е можно поголема прегледност на производите и услугите кои се нудат, за кога ќе пребаруваат се да најдат на едно место.

Zona 640x360

Најнов проект од пред три месеци е сајтот за вработување во рамки на zona.mk.

– Корисниците тука можат да си креираат свое професионално резиме. Има корисници кои можеби не знаат како да го изработат, тука има шаблон што треба само да го пополнат, работен по современи светски стандарди и тоа да го доставуваат до компаниите. Кај нас исто постои можност да огласуваат и фирмите кои бараат работници, но и професионалци, како нотари, лектори, судски преведувачи, занаетчии. Целосно бесплатно можат да ги објават квалификациите што ги поседуваат, вели Александра Глигороска од zona.mk.

Преку оваа страница може да се аплицира директно, а пак кога  работодавецот ќе го отвори резимето од одреден кандидат, ќе може да го покани на интервју, или пак да се изјасни дека кандидатот не е соодветен. Со тоа се олеснува и целата процедура за селекција на кандидати.
Чалоска и Глигороска се децидни дека токму ова била и идејата во насока на тоа да бидат поразлични од другите.

– На другите страници има профили на компании кои нудат работни места, но некако беа изоставени оние што ги споменавме нотари, лектори, судски преведувачи, занаетчии, како и оние што рабоатат на повик. Еве, на пример ако некој има потреба од молер, со впишување на овој клучен збор, ќе излезат сите работници со овој профил кои се достапни за работа во одреден регион. Тоа за нив е од полза бидејќи бесплатно влегуваат во базата на zona.mk, велат тие.

Си креираат свој профил што нудат односно работат, а физичките лица и компаниите можат да ги пребаруваат и да го најдат она што им треба.

зона6

Покрај на веб страницата, фејсбук профилот и на телефонскиот број 046/266 – 204, подетални информации заинтересираните може да добијат и во канцеларија која се наоѓа на булевар „Туристичка“ во зграда Кифла. Граѓаните и фирмите ќе може да добијат бесплатни совети, како нивниот оглас да се издвои меѓу останатите, што да стават во опис, да има клучни зборови за полесно пребарување.

Тимот на zona.mk не застанува тука, веќе работат на нов проект за збогатување на содржините, што ќе биде реализиран од следниот месец. (Крај)

извор: Инпрес фото: zona.mk

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest