drimkol3

КУД „Дримкол“ одржа три концерти во Италија

Сан Џовани, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – КУД „Дримкол“ од Вевчани деновиве учествува на фестивал во градот San Giovani in Galdo во Италија.

Вевчанци одржаа три целовечерни концерти во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo, а многубројната публика ги поздрави со долги аплаузи и овации.

Ја претставија богатата македонска народна носија, изворните инструменти и кореографски постановки. Во рамките на турнејата играорцоте ќе го посетат и Рим.

deimkol2

drimkol1

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, кое во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја.

Формирано е во 1973 год. под името „Печалбар“, а во 1979 се преименува во Дримкол и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност. Друштвото се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава , а преку реализирањето оваа турнеја уште еднаш го потврдува својот статус-Амбасадор на вевчанската и македонската култура и традиција. (Крај)

извор: Инпрес фото: КУД „Дримкол“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest