Breinobrein2017-640x360

Започнува есенскиот циклус уписи за Бреинобреин програмата

Охрид, 30. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Стартуваат уписите во есенскиот циклус на Бреинобреин програмата.

Може да се запишуваат деца на возраст од 4 до 14 години. Со посетата на оваа програма, тие ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

– Уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини се имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, велат од Црвен крст – Охрид.

Подетални информации за оваа програма и за уписите, заинтересираните можат да добијат на отворениот ден кој ќе се реализира во сабота, на 2-ри септември од 10:00 до 14:00 часот во просториите на Црвениот крст. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest