ohridavgust20171

„The Guardian“ го смести Охрид на листата 10 најдобри европски градови покрај езера

Охрид, 31. август 2017 (ИНПРЕС) – Охрид се најде меѓу десетте најдобри европски градови покрај езера на листата што ја објави познатиот „The Guardian“.

– Не мора да сте покрај море за да уживате на плажа и во спортовите на  вода. Овие места покрај езеро нудат сончање, капење и одличен поглед, вака започнува статијата во електронското издание на весникот.

Во описот за Охрид стои дека е град кој се наоѓа на истоименото езеро, едно од најдлабоките во Европа. Црквата „Св.Јован Канео“ е сместена на карпа, над пристаништето на која има распослано мали плажи. Во написот опфатен е и Заливот на коските, каде како што пишува, посетителите може да се одлучат и да нуркаат, да ги видат подводните остатоци, но и да уживаат во уникатната глетка на водата која на некои места е сина, а во други дури „митско“ зелена.

Освен Охрид, на листата се наоѓаат и градови во Австрија, Полска, Финска, Швајцарија и други. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest