zstriglav1

„З’ш Авантура“ го освои Триглав (фото)

Охрид, 1. септември 2017 (ИНПРЕС) – Експедицијата на Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура „З’ш Авантура“ успешно го освои врвот Триглав во Словенија.

zstriglav

Triglav2

При неодамнешната посета на словенечкиот амбасадор во земјава, д-р Милан Јазбец, на Охрид, кога заедно со претседателот на „З’ш Авантура“, Жанко Голабоски ја обиколија Галичица, тој ги покани Голабоски и членови на здружението на освојување на Триглав.

Triglav4

Triglav3

VrvTriglav

Планинскиот врв Триглав е највисок на Јулиските Алпи со височина од 2.864 метри. Прв пат е искачен на 25-ти август 1778 година. Најголем интерес предизвикува неговата северна страна, карпа со 1.200 метри височина и 3.000 метри должина. Денес е дел и симбол на Триглавскиот национален парк. (Крај)

извор: Инпрес фото: ЗШ Авантура/архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest