Missing image

Дринквотер и Запакоста нови играчи на Челзи

Лондон, 1.септември 2017 (ИНПРЕС) – Дени Дринквотер во финишот на преодниот рок го напушти Лестер и потпиша договор со актуелниот шампион во Премиер лигата, Челзи.

Екипата од „Стенфорд Бриџ“ за услугите на Дринквотер плати 35 милиони фунти, со што 27-годишникот стана најскапиот фудбалер во историјата на Лестер.

Дринквотер од 2012 година за Лестер одигра 217 натпревари. Заедно со Н’Голо Канте беше движечката сила во средниот ред пред две сезони кога Лестер ја освои Премиер лигата.

drinkwater

Покрај Дринквотер, во финишот на преодниот рок, Челзи го договори и трансферот на десниот бек на Торино Давиде Запакоста, додека во последен момент од преселба во Лондон се откажа играчот на Евертон Рос Баркли. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива