zidsadmexico-639x360

Избрани фирмите кои ќе го градат ѕидот меѓу САД и Мексико

Њујорк, 1. септември 2017 (ИНПРЕС) – Четири компании беа избрани да изградат прототипови на ѕидот, што американскиот претседател Доналд Трамп планира да го крене долж границата со Мексико, соопшти Управата за гранична и царинска безбедност на САД (ЦБП).

Четирите бетонски прототипови ќе бидат долги и широки по девет метри и ќе бидат изградени во наредниве месеци, по што врз нив ќе се спроведат низа тестирања. Секој од четирите договори е вреден по 500.000 долари.

– Овие прототипови ќе ни помогнат да ги утврдиме стандардите на дизајнот на ѕидот. Натамошните тестирања ќе треба да покажат колку се пробивни и отпорни. Притоа ќе користиме мали рачни алатки, а не балистички средства“, изјави заменик-директорот на ЦБП, Роналд Витиело.

Предвидениот ѕид, кој беше едно од предизборните ветувања на Трамп, исто така, ќе биде покриен со камери и сензори. (Крај)

извор: СДК фото: Ен-Би-Си

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest