ivanakoskoska1

Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR направи cover на „Како тебе нема друга“ на Влатко Лозаноски

Охрид, 2. септември 2017 (ИНПРЕС) – Финалистката на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, младата и талентирана Ивана Коскоска приреди одлично музичко изненадување за публиката.

По забележителниот настап на 14-тото издание на Арт Фестивалот „Езерски Бисери 2017“, каде ја освои титулата „Лауреат од III степен“, Ивана направи cover верзија на добро познатиот хит „Како тебе нема друга“ на Влатко Лозаноски.

Проследете ја нејзината фантастична изведба.

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest