Missing image

Евробаскет: Швед го замолкна Истанбул, Чешка пресилна за Романија

Истанбул, 2.септември 2017 (ИНПРЕС) – Русија и Чешка со победите над Турција, односно Романија, го затворија првото коло на 40.Европско првенство во кошарка. Овие две селекции славеа победи во дуелите со домаќините на континеталниот шампионат.

Русија, во рамките на Д групата, успеа да ја совлада Турција во Истанбул 76:73. Израмнетиот натпревар го реши Алексеј Швед со тројка на 25 секунди до крајот на натпреварот.

Швед со 22 поени беше најефикасниот ограч на Русија, а во чекор го следеше центарот Тимофеј Мозгов со 20 поени и девет скокови.

Кај Турција брилијантен меч одигра Џеди Осман (28 поени, 7 скокови, 7 украдени топки, 4 асистенции).Второто коло во оваа група се игра денеска Турција за противник ја има Велика Британија, Русија ќе игра против Србија, а Белгија за противник ја има Летонија.

Во Ц групата, во Клуж, Чешка лесно се справи со домаќинот на оваа група Романија. Чесите предводени од Томаш Саторански (20 поени, 13 скокови, 6 асистенции) и Војчех Хрубан (25 поени) славеа победа 83:68.

Романија ја предводеше Влад Молдовеану со 24 поени и осум скокови.

Денеска во Ц групата ќе играат: Унгарија-Црна Гора, Чешка-Шпанија и Романија-Хрватска. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива