nasilstvo1-640x358

Битолчанец нападнал мајка со малолетни деца

Охрид, 5. септември 2017 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот битолчанец И.Ч, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода” и  „телесна повреда“.

На 30-ти јули, околу 12.00 часот, на ул. „А.Јованоски” во Охрид, каде престојувала С.П. (36) од Битола со нејзините малолетни деца, била физички нападната  и се обидела да избега и побара помош. Таа била спречена од пријавениот, кој ја заклучил влезната врата од куќата и не им дозволувал на оштетената и нејзините малолетни деца да ја напуштат куќата.  (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest