Missing image

Ангеловски со истиот состав: Тимот што победува не се менува

Струмица, 5.септември 2017 (ИНПРЕС) – Македонскиот селектор Игор Ангеловски ќе атакува на победа против Албанија во квалификацискиот натпревар за СП 2018 вечерва од 20:45 часот на стадионот „Младост“ во Струмица со истиот почетен состав како на пресметката со Израел во Хаифа.

Тимот што победува не се менува. Токму затоа се останува на определбата за 3-5-2 стартната формациска определба, која на средбата во Израел во неколку наврати за време на самиот меч се трансформираше и во 3-4-3.

На голот на македонската селекција повторно ќе биде одличниот од Хаифа, Столе Димитроевски а во последната одбранбена линија пред него Дарко Велковски, Висар Муслиу и Кире Ристевски по десната страна.

Како последни играчи за врска Бобан Николов и Стефан Спировски, пред нив Енис Барди и Езгијан Алиоски и Стефан Ристовски на страничните позиции. Во самиот напад, сосема очекувано, капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски.

Во однос на расположивите сили од Израел, стручниот штаб на националниот тим единствено нема да може да смета на Елиф Елмас кој ќе мора да паузира во сениорскиот состав поради парни жолти картони. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: ФФМ