izborenproces

Истече рокот за независни кандидатури, во игра Стевоски, Настоски и Демироски

Охрид, 6. септември 2017 (ИНПРЕС) – Стевчо Стевоски ги собра потребните потписи и ќе учествува на локалните избори како независен кандидат, а кај независните советнички листи поддршка добија носителите Љупчо Настоски и Арбен Демироски, велат за Супер радио и OhridPress од охридското одделение на Државната изборна комисија.

– Во трка по потписи за поддршка на независна градоначалничка кандидатура беше и охриѓанецот Горан Китевски, кој не успеа да го собере потребниот број потписи, а законски пропишаната бројка не ја постигна и носителот на независна советничка листа Владимир Суклоски. Стевчо Стевоски првпат влегува во изборна трка, а идејата потекнува од неговата желба да се подобри безбедносната состојба во државата, а посебно во Охрид. Советникот Љупчо Настоски по четврти пат доби подддршка од своите гласачи како носител на независна советничка листа, вели за Супер радио Марика Димковска од одделението на ДИК во Охрид.

Во општина Дебрца кандидат за носител на независна советничка листа е Даниел Огненовски, додека за независен кандидат за градоначалник е Јадранка Бибан. И двајцата кандидати го собраа потребниот број потписи. (Крај)

извор:Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest