ОИК ја прифати кандидатурата на Стевчо Стевоски

Охрид, 6. септември 2017 (ИНПРЕС) – Општинската изборна комисија ја прифати кандидатурата на Стевчо Стевоски кој ги собра потребните потписи и ќе учествува на локалните избори закажани за 15-ти октомври како независен кандидат.

Тој денес за Супер радио и OhridPres ја потврди веста и истакна дека денес ја поднесол кандидатурата и дека истата била прифатена.

Kај независните советнички листи поддршка добија носителите Љупчо Настоски и Арбен Демироски.

– Во трка по потписи за поддршка на независна градоначалничка кандидатура беше и охриѓанецот Горан Китевски, кој не успеа да го собере потребниот број потписи, а законски пропишаната бројка не ја постигна и носителот на независна советничка листа Владимир Суклоски. Стевчо Стевоски првпат влегува во изборна трка, а идејата потекнува од неговата желба да се подобри безбедносната состојба во државата, а посебно во Охрид. Советникот Љупчо Настоски по четврти пат доби подддршка од своите гласачи како носител на независна советничка листа, вели за Супер радио Марика Димковска од одделението на ДИК во Охрид.

Во општина Дебрца кандидат за носител на независна советничка листа е Даниел Огненовски, додека за независен кандидат за градоначалник е Јадранка Бибан. И двајцата кандидати го собраа потребниот број потписи. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива