makedonskozname-640x360

Утрешниот е неработен ден за сите граѓани

Охрид, 7. септември 2017 (ИНПРЕС) – Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, утрешниот ден, 8-ми септември, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

Денот на независноста 8-ми септември во Македонија се слави од 1991. На тој ден македонскиот народ , излезе на Референдум и со мнозинство, на најдемократски начин ја изгласа својата независност. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest