penzionerikancelarija

Партијата на пензионерите отвори канцеларија во Охрид

Охрид, 7. септември 2017 (ИНПРЕС) – Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) синоќа ја отвори првата своја канцеларија надвор од Скопје. На чинот на отворањето присуствуваа поголем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, истакнати личности од јавниот и политичкиот живот.

– Примарниот фокус на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на полулацијата од такавиканото „третото доба“, но со своите програмски определби, е подеднакво отворена за сите грагани, без разлика на старосно доба, социјален статус, верско убедување и национална припадност, потенцираше претседателот на ПОПГМ, генерал Илија Никовски.

Присутните, меѓу кои беа заменик градоначалникот на Охрид м-р Ангел Јанев, потоа шефот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид и кандидат за градоначалник професор д-р Јован Стојаноски, директорот на Управата за прашања на пензионерите при Министерсртвото за труд и социјална политика Вангел Динов, и други, ги поздрави и претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски.

– Кога станува збор за Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за полулацијата од „третото доба“, туку и од целата земја. Најнапред со убавините, со големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се` до т.н. здравствен туризам, односно можностите што градот институционално ги пружа на тој план, со Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доаѓаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, истакна тој.

Говорејќи посебно за Охрид, тој рече дека пензионерите не бараат само грижа, туку ги нудат своите сеуште присутни потенцијали, не само за унапредување на сопствениот статус, туку воопшто на условите за живот и работа на целокупното граѓанство. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest