georgemichaelfantasy

Објавен првиот постхумен сингл на George Michael „Fantasy“, денес на Супер радио

Охрид, 7. септември 2017 (ИНПРЕС) – Денес беше објавен првиот постхумен сингл на George Michael – „Fantasy“, кој легендарниот музичар го сними со уште една голема музичка легенда – Nile Rodgers.

На Божиќ минатата година, останавме посиромашни за едно големо име во музиката. Непосредно по смртта, продуцентот Rodgers откри дека тие работеле на нова музика, само два дена пред смртта на George.

Како сингл е објавена преработената „Fantasy“, песна која веќе доби одлични критики на социјалните мрежи. Оригинално, песната требаше да биде дел од вториот албум на пејачот „Listen Without Prejudice Vol 1“.

Оваа фанки нумера ќе биде дел од реизданието на „Listen Without Prejudice Vol 1/MTV Unplugged“ албумот, кој ќе биде објавен на 20-ти октомври.

Sony Music објавија дека подготвуваат и документарен филм за George Michael кој ќе биде наречен „Freedom“. Премиерата ќе биде заедно со албумот на Channel 4, а ќе се појават и имиња како Stevie Wonder, Elton John, Liam Gallagher и Nile Rodgers.

„Fantasy“ на George Michael и Nile Rodgers, само неколку часа по првичното емитување на BBC Radio 2, денес, нешто по 14:00 часот ќе се емитува премиерно и на Супер радио. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest