pozarnaohrid3

Со брза реакција на пожарникарите, изгаснат пожар над Рача

Охрид, 7. септември 2017 (ИНПРЕС) – Гореше сува трева и капини во близина на Рача, но благодарение на брзата реакција на охридската противпожарна единица пожарот е саниран.

Според информациите оттаму била зафатена површина од 2000-3000 метри квадратни, а поради ветровитото време пламените јазици многу лесно можеле да се прошират и на објектите во близина. Но, за среќа не е предизвикана материјална штета. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest