JovanStojanoski-640x360

Кој ќе му излезе на мегдан на Стојаноски во Охрид, во четврток истекува рокот за пријавување?

Охрид, 11. септември 2017 (ИНПРЕС) – Иако се` уште без официјална потврда, но ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе треба да понуди нов кандидат на местото на досегашниот градоначалник Никола Бакрачески.

Тој на анкетите имаше највисок рејтинг, но, како што јавија дел од медиумите не ја прифатил понудата од партијата која го кандидира на последните локални избори во Охрид. Неофицијално, како кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ сега се споменуваат имињата на деканот на ФТУ од Охрид, професор д-р Цветко Андреески, а не е исклучена и опцијата, Сашо Стефаноски, екс директорот на ФЗО, охриѓанец по потекло, од општина Центар, да биде кандидат за Охрид.

Од другата страна, СДСМ веќе го претстави својот кандидат, професорот на ФТУ, Јован Стојаноски.

Во четврток на полноќ истекува перидот во кој партиите или независните кандидати можат да ги поднесат своите кандидатури за учество на претстојните локални избори закажани за 15-ти октомври. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest