Ја малтретирал и ограбил поранешната девојка

Охрид, 11. септември 2017 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т, 24-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од МВР.

На 29-ти јули, во пицерија во Охрид, пријавениот ја малтретирал и и упатувал закани на девојка, со која претходно бил во љубовна врска.

Пријавениот ја удирал со раце во пределот на главата и телото, по што и го одзел паричникот во кој имало околу 2000 денари и го напуштил објектот. (Крај)

извор: МВР фото: архива