pero-antic

Перо Антиќ потпишува за Црвена звезда

Белград, 12.септември 2017 (ИНПРЕС) – Перо Антиќ новата сезона ќе ја мине во дресот на Црвена звезда, откако постигнал договор за соработка со актуелниот првак на Србија и на регионалната АБА-лига.

Српските медиуми уште во текот на викендот пишуваа за евентуалниот камбек на најдобриот македонски кошаркар во редовите на „црвено-белите“, но според последните информации најважните детали од соработката се веќе средени и договорот ќе биде официјализиран во најскоро време.

Антиќ минатата сезона имаше мала минутажа во дресот на Фенербахче, а со доаѓањето на Мели сличен епилог се очекуваше и за новата сезона. Во ситуација кога се отвори можност за негов камбек во Црвена звезда, клуб за кој Македонецот не крие дека му е омилен, коцките набрзина се „склопија“ за тој да замине во Белград и повторно да го облече црвено-белиот дрес.

Со овој трансфер Црвена звезда ќе ја пополни „дупката“ во тимот на позицијата крилен центар, воедно и ќе го добие неопходното искуство на Антиќ, кое сигурно ќе му биде добредојдено на реновираниот тим на „црвено-белите“ во обидот да ја одбранат титулата во АБА, но и да стигнат до нокаут фазата од Евролигата. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest