Ederson

Садио Мане ќе паузира три натпревари поради крвничкиот старт врз Едерсон

Манчестер, 12.септември 2017 (ИНПРЕС) – На дерби дуелот од 4. коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, Садио Мане остро стартуваше во дуелот со голманот на „граѓаните“, Едерсон, поради што заработи три меча суспензија.

„Црвените“ најавија жалба за високата казна за сенегалскиот напаѓач, бидејќи сметаат дека е престрога. Социјалните мрежи беа преполни со фотографии од Едерсон и лузните на неговото лице по ударот на Мане.

Сенегалецот самиот сподели фотографија на која се извини до бразилскиот голман, посакувајќи му побрзо заздравување. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest