marjanco2

Марјанчо Лазаревски ќе ја претставува Македонија на Светско теквондо ИТФ првенство за сениори во Северна Кореја

Охрид/Пјонгјанг, 13. септември 2017 (ИНПРЕС) – Претседателот на Македонската ИТФ и предводник на теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Охрид, Марјанчо Лазаревски, ќе ја претставува Македонија на 20-то Светско теквондо ИТФ првенство за сениори, што од 15 до 21-ви септември ќе се одржува во Северна Кореја.

Лазаревски, црн појас IV дан  поранешен светски вицешампион Прага ’96-та, ќе учествува како делегат на Интернационалната Теквондо Федерација, а самото присуство е потврда дека нашата федерација добро котира на светско ниво.

marjanco1

Претседателот Лазаревски требало да земе и двајца натпреварувачи, но поради немање авионски билети за Пјонгјанг,  Бугарската ИТФ Теквондо Федерација обезбедила  само еден билет за нашиот претседател. (Крај)

извор: Инпрес фото: М.Лазаревски

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest